#План за тебе, во Македонија!

Што ќе правиш кога ќе завршиш со школување?

Сам свој газда – како ти звучи?

Сакаш попусти?

Дали сакаш студентски град и студентски кампуси по светски стандарди?

Сакаш да работиш додека студираш?

Гарантирана шанса за секој млад човек. Три опции за почеток. Избери што ќе правиш.

Во рок од 4 месеци по завршување на школувањето ќе добиеш понуда за вработување, можност да продолжиш со образованието или тренинг за подготовка за вработување.

Со СТУДЕНТСКА проаѓаш поевтино.

Добиваш студентска платежна картичка. Попусти во студентски кампуси, пониски цени за меѓуградски превоз, бесплатен влез во национални установи, попусти за спортски и културни настани.

Еве државна помош за свој бизнис.

Неповратни 10.000 евра за добра бизнис идеја, 15.000 евра кредити со 1% годишна камата, отворање фирма со 1 евро влог, бесплатен деловен простор за твојот старт ап, сметководство, архива, одржување.

Нови студентски центри и кампуси.

Нов студентски град во Скопје, со читални, библиотеки, ресторани, кино сали, спортски сали, фитнес центри. Кампуси во Битола, Штип, Тетово. Ќе се живее добро во Студентски!

Можеш и да студираш и да заработуваш.

Како асистент за административни обврски, како водич за студенти, во студентски мензи, библиотеки, кафетерии во организација на културно-забавни настани.

За младите да останат во Македонија!

План за живот во Македонија!

Акција за живот во Македонија

Приклучи се!