Приклучи се кон Акцијата за живот во Македoнија

Ве повикуваме!

Бидете дел од оваа заедничка акција, пријавете се и помогнете, бидете дел од промената.

Одлучи како ќе се приклучиш?

Пополни го следниот формулар, наведи ги твоите можности за приклучување, локација, твоите идеи и контакт информации.

Ќе бидеш контактиран од нашиот тим во рок од 3 дена.

Акција - Од врата до врата

Во следниот период, поддржувачи на Планот за живот во Македонија ќе ги посетуваат граѓаните од врата на врата, за да разговараат за деталите околу Планот.

Приклучи се на оваа акција со пополнување на формуларот и наведи во кое населено место и во кои денови можеш да се приклучиш.

Акција - Јавни локации

Поддржувачите на Планот за Македонија ќе бидат присутни насекаде: плоштади, дуќани, маркети, игралишта, кафулиња, библиотеки… Ќе се организираат различни јавни собири (дебати, јавни перформанси, форуми и трибини) за кои можеш да учествуваш во организација или само да присуствуваш.

Приклучи се со пополнување на формуларот и наведи дали сакаш да учествуваш или само да присуствуваш. Согласи се дека сакаш да добиваш вести за идни настани во твојата средина.

Организирај маалска дружба

Собери ги твоите соседи и пријатели на маалска дружба каде низ дискусија ќе се разгледува Планот за живот во Македонија. Ислушај ги внимателно проблемите на соседите и покажи ги решенијата од Планот.

Приклучи се на оваа акција со пополнување на формуларот. Ќе ти помогнеме во организација на твојата маалска дружба.

Приклучи се преку социјалните мрежи

Можете да ги користите Фејсбук, Твитер, Инстаграм и други социјални интернет мрежи за да го поддржите планот за живот во Македонија.

На следниот линк превземи ги сите дизајни за Планот, кои можеш да ги користиш.

Повикај други да се приклучат

Рашири го гласот за Планот до своите познаници, роднини, соседи и пријатели и повикај ги да се вклучат во акцијата за живот во Македонија. Секој е важен!

Посочи им да ја посетат оваа веб страница или обрати ни се со пополнување на формуларот, за да ти доставиме печатен инфоматеријал.

Сподели ги твоите идеи за нови акции

Отворени сме за нови луѓе и нови идеи, особено би ценеле доколку ги испратиш твоите идеи за активности и учествуваш во процесот на нивна реализација.

Ти најдобро знаеш какви активности се потребни за да допреме до граѓаните од твојата средина.