Ќе има контрола над власта и правда за сите
Доста е привилегии за функционери и елити.
Ќе го продолжиме мандатот на СЈО!
Веднаш по изборите ќе биде продолжен мандатот на СЈО и ќе обезбедиме негово слободно и непречено работење, за целосно и до крај се истражат сите злоупотреби од незаконското прислушување.
Ќе предложиме воведување на специјализирано одделение во судот за постапување по предметите кои се во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.
Гарантираме генерален реизбор на сите судии во државата.
Ќе биде вратен криминално стекнатиот имот
По примерот на земјите од Европската Унија, ќе се донесе закон за запленување на криминално стекнатиот имот, вклучувајќи и корупција и организиран криминал, веднаш по првата правосилна пресуда.
Воведуваме маалски полицаец
Секој денар од буџетот на увид

Ќе се знае кој и за што ги троши парите на граѓаните
Криењето на јавниот долг ќе стане кривично дело.
Завршните сметки на сите буџетски корисници и јавни претпријатија ќе мораат да бидат објавени на интернет со цел граѓаните сами да бидат „контролори“ доколку се прават злоупотреби.
Заради правичност и еднаквост!