Повисоки плати за да живееме подобро

Минимална плата

Од 12.000 денари во 2017, а пак 16.000 денари до крајот на мандатот.

Просечна плата

Да достигне 30.000 денари, кон тоа целиме.

Повисок животен стандард

Општеството напредува кога најголем дел од граѓаните имаат задоволителен животен стандард. Имаме план за повисоки плати со кои ќе живееме подобро во Македонија. Наша цел е да го зголемиме приходот на сите граѓани кои секојдневно вредно работат.

Достоинство за работниците

Ќе го вратиме достоинството на работниците и ќе обезбедиме минимална плата од 12.000 денари уште во 2017 година, што ќе важи и за вработените во одделите за текстил, облека и кожа. Планираме минималната плата да порасне на 16.000 денари до 2020 година што ќе значи дека семејство со двајца работници ќе може да ги покрие неопходните трошошоци за живот.. Нема да има отпуштања од работа, државата е таа која ќе им помогне на стопанствениците.

евра месечен приход

во едно семејство со двајца родители и деца.

Стимулирање на подобро платени работни места

Ќе помагаме на малите и средни претпријатија кои се носителот на економскиот развој во Македонија.

Плати во јавниот сектор

Ќе ги зголемуваме платите во јавниот сектор врз основа на растот на македонската економија. Вработените во јавниот сектор ќе се наградуваат заради постигање на исклучителни резултати и поголема посветеност на работата.

Повисоки плати за здравствените работници

За здравство кое лечи ни се потребни мотивирани здравствени работници. Испланиравме двојна плата до крајот на мандатот.

Повисоки плати за наставниците

За мотивирани наставници и квалитетно образование: Вработените во најдобрите 50 основни училишта, 10 гимназии и 10 средни стручни училишта ќе добиваат 20% поголема плата во текот на 12 месеци.

Акција за живот во Македонија