Институциите ќе работат во служба на граѓаните

Бесплатно болничкото лекување

Грижата за пациентот ќе биде ставена во центарот на вниманието.

Ќе обезбедиме доволно лекови во аптеките

Обезбедувањето на ефикасни, безбедни, со проверен квалитет и достапни лекови на сите нивоа на здравствена заштита. Барем еден генерички лек ќе биде достапен без доплата.

Ќе ја прошируваме позитивната листа на лекови барем еднаш годишно.

Навремена набавка на инсулин за болните од дијабетес.

Квалитетот на образованието мора да се евалуира и да се надградува, а не да се казнува.

Најдобрите училишта и наставници ќе бидат јавно наградувани.

Ние предлагаме  евалуација и тестирања на учениците, но без дополнително внесување на оценки во нивните свидетелства и без казни за наставниците.

Веднаш ќе го укинеме екстерното тестирање.

Ќе го намалиме бројот на предмети

Целта треба да ни бидат задоволни и исполнети граѓани, а не несреќни и немотивирани експерти.

Ќе развиваме концепти на креативно учење низ игри и практични проекти.

Ќе се повлечат од употреба учебниците кои имаат суштински грешки во материјата и кои се несоодветни за возраста на учениците.

Ќе спроведеме ослободување на наставните предмети од непотребни и штетни содржини, особено од оние кои поттикнуваат агресивност, нетолеранција, омраза и дискриминација.

Младите треба да ги мотивираме самите да размислуваат што сакаат од животот и кои вештини им се потребни за да ги реализираат своите желби.

Нема отпуштања во администрацијата.

Реформа на јавната администрација е предуслов за одговорна власт.

Стручна и ефикасна администрација која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис секторот.

Професионална администрација која е ослободена од партиски стеги и притисоци.

}

Клучните институции ќе работат во две смени

Институциите кои имаат значителен обем на работа, и во кои граѓаните реализираат клучни права, ќе работат двосменски, односно до 20 часот, со цел да се обезбеди услуга на сите граѓани навремено.

Јавните услуги мора да бидат достапни за сите!

Акција за живот во Македонија